Со принудна работа до огромен профит
20 мај 2014Илегалната експлоатација, на пример во сферата на сексуални услуги, е грозна, но многу профитабилна, вели генералниот директор на Меѓународната организација за труд (ИЛО), Гај Рајдер.
Меѓу жртвите на принудната работа, вкупно околу 21 милиони луѓе ширум светот, повеќе од 5 милиони се малолетници. Во извештајот на ИЛО за принудната работа се констатира дека оној што ќе се спротивстави да работи се соочува со опасност од казни, како тепање или глад. Принудните работници, по правило, се платени многу малку или воопшто не добиваат пари.
Принудната работа и сексуалното искористување се раширени најмногу во Азија, а потоа следуваат развиени држави, меѓу кои и земјите на ЕУ. Најмногу профит носи „комерцијалната сексуална експлоатација“, односно околу 99 милијарди долари годишно, се вели во извештајот на ИЛО. Потоа следува профитот остварен со принудна работа во градежништвото, во фабриките и во рудниците, каде се остварува добивка од 34 милијарди долари годишно.