1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Тим на ОН пристигна во Ирак

8 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AdJb
Експерти на ОН за избори, под раководство на Карина Перели, пристигнаа во Багдад за да ги рпеипспитаат предусловте за одржување избори во Ирак. Изборите, според досега договореното би се одржале на 30 јуни. Од резултатот на работата на тимот експерти на ОН зависи и дали овој термин за избори ќе се менува или не.

Ова е прв опширен ангажман на ОН од нивното повлекување од Ирак во август, по тешкиот напад врз нивното биро во Багдад. Набљудувачите претпоставуваат дека досега нема информации за десетдневната работа на тимот експерти на ОН поради безбедносни причини. Проблематично е колку екстензивно експертите ќе можат да патуваат низ земјата. Прво се планирани разговори со ирачки политичари и цивилната управа на ОН. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, кој пристигнувањето во Багаг, го соопшти во Њујорк, полага големи надежи врз впечатоците и напорот на неговите соработници.

"Навистина се надевам дека нивното присуство и нивните напори ќе им помогнат на Ирачаните да дојдат до консензус за тоа како да се поттикне процесот на транзиција."

Весникот "Дејли Стар" од Бејрут напиша дека актуелното присуство на ОН во Ирак во вистински момент, може да биде билет за земјата кон независност. Преодниот совет на Ирак од денеска, па во наредните три недели треба да разговара околу уставот на земјата. Тој,пак, треба да ги даде рамките за нова влада која би требало да се формира од јули. Предлог уставот треба да ги зацрта основните права и да содржи насоки за федерален систем.