Трамп победи секаде каде што требаше
9 ноември 2016Републиканскиот кандидат Доналд Трамп победи на изборите за претседател на САДблагодарение на изненадувачки добрите резултати во државите кои се средиште на американската индустрија.
Малку кој се надеваше дека Трамп ќе извојува победа во речиси сите неизвесни односно т.н „свинг“ држави, а особено не во оние кои според традицијата од последните неколку децении беа наклонети кон демократите, како што се Пенсилванија и Висконсин.
Хилари Клинтон влезе во изборниот ден како блага фаворитка, но Трамп покрај веќе споменатите изненадувања во Пнсилванија и Висконсин, доби мнозинство, што значи ги освои електорските гласови и во најголем број други „свинг“ држави, како Флорида, Охајо, Северна Каролина итн.
Според последните информации Трамп ги освоил електорските гласови од 28, додека Клинтон од 18 држави. На национално ниво Трамп според последните прогнози добил поддршка од 48,1 проценти а Клинтон од 47, 2 проценти.
Трамп наредната година на 20. јануари ќе го наследи Барак Обама како 45. претседател на САД.