Транснистрија бара независност
16 април 2014Регионалниот парламент на Транснистрија (Приднестровје) во едногласно донесената резолуција ја повикува меѓународната заедница да го признае регионот како „суверена и независна држава“. Заменикот-претседател на парламентот Сергеј Шебан укажа на меѓународното право и правото на самоопределување на народите, кое, како што нагласи, треба да се почитува.
Жителите на тесната област на границата со Украина на референдум одржан во 2006 година со големо мнозинство се изјаснија за припојување кон Русија. Во Транснистрија околу 60 проценти од жителите зборуваат руски.
Москва таму има стационирано илјадници свои војници уште од граѓанската војна на почетокот на 90-тите години на минатиот век. Делегација на Транснистрија, предводена од првиот човек на Парламентот, Михаил Бурла, утре би требало да води разговори со руски пратеници во Москва.
Владата на Молдавија се стреми кон поблиски врски со ЕУ и ја предупреди руската влада да не ја анектира Транснистрија, како што го стори тоа неодамна со Крим. Транснистрија се отцепи од Молдавија во 1991 година, но нејзината независност до денес не е призната во меѓународни рамки.