Вселенските сили на Трамп
20 февруари 2019Актуелниот претседател на САД очигледно е повеќе од сериозен за своја програма ала „Војна на ѕвездите" (на оваа #ФотографијаНаДенот гледаме сцена од последниот филм во серијалот „Војна на ѕвездите“ :Последниот џедај) како онаа неуспешната на поранешниот претседател на САД Роналд Реган.
Вселенските воени сили или U.S Space Force покрај армијата, морнарицата, маринскиот корпус, воздухопловните сили и крајбрежната стража, треба да бидат посебна шеста гранка на американската војска.
Повеќе:
-Вселенската армија нема да донесе спас
-САД ќе формираат свои вселенски сили
„Мораме да бидеме подготвени", рече Трамп при потпишувањето на декретот од Белата куќа. Вселенските сили се „прашање за националната безбедност". Американскиот претседател сака ништо помалку од доминација во вселената -а како конкуренти ги гледа Русија и Кина. Навистина вселената веќе сега игра важна улога во одбраната во модерно водените војни.
Меѓутоа и Конгресот мора да ги одобри Вселенските сили. А таму, плановите на претседателот наидуваат на скептицизам од многу страни. Исто така, и од Пентагон и од Министерството за одбрана на САД, доаѓаат предупредувања за трошоците и за бирократијата.