1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе успее ли Србија да извојува дипломатски успех во ОН?

8 октомври 2008

Во ОН се гласа за предлог резолуцијата на Србија, во која бара Меѓународниот суд на правдата, да даде оценка околу легитимноста на одлуката за независно Косово. Експертите со оценка - исходот нема да ја смени реалноста.

https://p.dw.com/p/FWIn
Генерално Собрание на ОНФотографија: AP

Србија се надева дека нејзината иницијатива - легитимитетот на независноста на Косово да се преиспита во Меѓународниот суд на правдата во Хаг - ќе биде поддржана во ОН. Професорот по меѓународни односи и надворешна политика на Универзитетот во Јужна Каролина, Владимир Матиќ за Дојче Веле не сака да прогнозира каков исход ќе има вечерашното гласање во Генералното Собрание на ОН, иако смета дека голем број држави го разбираат и прифаќаат правото на Србија да бара мислење од Меѓународниот суд по ова прашање. Во колкава мера би било успех за Србија ако предлогот биде изгласан, тој со оценка:

„Зависи од тоа со што се мери успехот. Се сметаше за голем успех и самиот факт што ова воопшто се најде на дневниот ред на Генералното собрание. Доколку барањето биде изгласано секако ќе биде прогласено за уште поголем успех. Треба да се види како ќе изгледа ова прашање откако ќе го формулираат во ОН, бидејќи државите коишто учествуваат во дебатата имаат право да поднесат свои амандмани, односно да влијаат на формулацијата на прашањето“.

Internationaler Gerichtshof in Den Haag
Србија сака да ја бара правдата во Меѓународниот суд во ХагФотографија: Internationaler Gerichtshof

Одлуката на судот е советодавна

Според професор Матиќ, постои голема веројатност ако ова прашање дојде до Меѓународниот суд на правдата тој да донесе неутрална одлука. Тој сепак додава.

„И да има одлука на судот со која се вели дека суверенитетот на Косово е прогласен на нелегитимен начин, тоа нема да ја измени политичката реалност“. Одлуката на судот има советодавен карактер. Андреас Цимерман, професорот по меѓународно право од Универзитетот во Кил за Дојче Веле го коментира српското барање дека самопрогласената независност на покраината е нелегитимна

„Зависи од тоа, дали Косово според меѓународното право имало право на сецесија од Србија. За ова може да има многу поделени мислења. Во меѓународното право не постои општо сецесионо право, освен во екстремни слуачи како геноцид на наслението, на што можеби можеа да се повикаат во 1999 година. Денеска целата работа е многу дискутабилна,“ смета Цимерман.

До сега Косово го имаат признаено 50 земји, меѓу кои не се и сите членки на ЕУ, поради што е неизвесно како ќе изгледа гласањето во Њујорк.