1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Душан Павловски - кројач цели 72 години

Емилија Петреска | Арбнора Мемети
9 декември 2024

Во Битола сѐ уште има по некој занаетчија кој се труди да го задржи духот на чаршијата. Еден од ретките е 86-годишниот кројач Душан Павловски. „Мерак ми е да работам“, вели овој пензионер, кој не знае за одмор. Го сретнавме во неговиот дуќан, каде поразговаравме за старите денови на чаршијата и за занаетчиството.

https://p.dw.com/p/4nukn

Со своите 86 години Душан Павловски е меѓу најстарите занаетчии во Битола. Занаетот за кројач го научил уште на 14 години. А, неговиот дуќан е отворен веќе 51 година:

„Прво на село почнав, после овде, во Битола, на корзо. Кај најдобриот мајстор работев“, раскажува тој.

кројач Битола
Фотографија: Emilija Petreska und Arbnora Memeti/DW

Чаршијата низ годините се празни. Младите или си одат, или не учат занает. Душан Павловски постојано барал помошник, но неуспешно:

„Изреката: 'Учи за да не работиш'. Битолскава чаршија имаше и трговија, ама имаше и многу занаетчии. Порано се шиеше, немаше конфекција. Сега занаетчиите не сакаат да работат занает.“

кројач Битола чаршија
Фотографија: Emilija Petreska und Arbnora Memeti/DW

Што бара исксуниот занаетчија од државата, погледнете во видеото!