1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСирија

Немири во Сирија: Поддржувачи на Асад убиле 14 полицајци

СН/агенции
26 декември 2024

Во Сирија, осомничени поддржувачи на соборениот диктатор Асад убиле 14 полицајци. Се вели дека биле застрелани и тројца напаѓачи. На повеќе места имаше и протести на припадници на алавитското и шиитското малцинство.

https://p.dw.com/p/4oa6O
И покрај инцидентното насилзтво, транзицијата во Сирија се одвива понепречено отколку што многумина очекуваа
И покрај инцидентното насилзтво, транзицијата во Сирија се одвива понепречено отколку што многумина очекувааФотографија: Leo Correa/AP Photo/picture alliance

Две недели по соборувањето од власт на диктаторот Башар ал-Асад, во Сирија има сериозни безредија. Најмалку 14 членови на безбедносните сили на новата сириска власт и тројца вооружени напаѓачи се убиени во судири во провинцијата Тартус, при обид за апсење на офицер на поранешниот режим поврзан со озлогласениот затвор Седнаја, објави Сириската опсерваторија за човекови права.

Организацијата со седиште во Велика Британија соопшти дека конфликтот избувнал во Тартус, упориште на поранешниот претседател Башар ал Асад и припадниците на алавитското малцинство на кое и тој припаѓа, а бил предизвикан од обидот за апсење на поранешен затворски службеник во Седнаја.

Новиот сириски министер за внатрешни работи во порака на Телеграм ги потврди смртните случаи и рече дека „остатоците од режимот на Асад“ раниле и 10 полицајци.

Министерот вети дека ќе го казни „секој кој ќе се осмели да ја поткопа безбедноста на Сирија или да ги загрози животите на нејзините граѓани“.

Полициски час беше воведен и во градот Хомс по немирите поврзани со демонстрациите, наводно, предводени од припадниците на алавитските и шиитскските муслимански верски малцинства.

Еден демонстрант е убиен, а петмина се ранети во Хомс, откако безбедносните сили отвориле оган за да ја растераат толпата

Локалните жители изјавија за Ројтерс дека демонстрациите се поврзани со притисок и насилство во последните денови насочени кон припадниците на алавитското малцинство, лојално на Асад, кој беше соборен од сунитските бунтовници на 8 декември.

Демонстрациите избија во исто време на социјалните мрежи се појави видео без датум на кое се гледа пожар во алавитски храм во градот Алепо.

Протести во Дамаск по запалувањето на божикна елка во градот
Протести во Дамаск по запалувањето на божикна елка во градотФотографија: REUTERS

Неодамна избувнаа протести и во Дамаск и во мнозински христијанскиот централен град Сукејлабија, откако беше запалена елка во градот, а демонстрантите ја повикаа новата исламистичка влада да ги заштити верските малцинства, вклучувајќи ги и христијаните.