Трамп прогласен за виновен, но неказнет
10 јануари 2025Судот во Њујорк го прогласи за виновен избраниот претседател Доналд Трамп за аферата со порно ѕвездата Сторми Даниелс, но одлучи да не го казни, ниту да му определи затворска казна на поранешниот претседател.
Иако судијата му даде на Трамп безусловно ослободување, пресудата го потврдува статусот на Трамп како осуден криминалец на само 10 дена пред почетокот на неговиот втор мандат како претседател на САД.
На својата социјална мрежа, Truth Social, Трамп најпрво се пофали дека бил ослободен, а потоа најави дека ќе се жали на пресудата.
Во мај минатата година Трамп беше прогласен за виновен за 34 точки од обвинението за тајно исплаќање на околу 130 илјади долари на порно актерка со цел да ја одврати од кажување на вистината за нивната врска.
Тимот на Трамп се обиде да го одложи донесувањето на пресудата, но Врховниот суд на САД го одби барањето.
Не се очекува пресудата да има влијание врз претседателствувањето на Трамп, и повеќе има симболична природа. За првпат во историјата на САД, осуден криминалец ќе се најде на највисоката функција во државата. Трамп ќе биде инаугуриран како 47 претседател на САД на 20 јануари во Вашингтон.