1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија е за држава на Палестинците

27 септември 2011

Советот за безбедност на ОН за првпат го разгледа барањето на Палестинците за полноправно членство во ОН. Првичните дискусии покажаа дека одлука не може скоро да се очекува.

https://p.dw.com/p/12gx1
Шефот на германската дипломатија, Гидо Вестервеле на говорницата на ОНФотографија: dapd

„Се надеваме дека Советот за безбедност ќе дозволи Палестина да стане членка на ОН“, изјави амбасадорот на Палестинците во ОН, Ријад Мансур, во Њујорк. Истовремено тој апелираше до членките на Советот за безбедност да бидат свесни за „одговорноста“ што ја носат.

Колку во Советот за безбедност е спорно барањето на Палестинците за полноправно членство се покажа уште на првиот ден од советувањата: по речиси едночасовна контроверзна дебата темата беше одложена без формално гласање за во среда, 28 септември, соопшти актуелниот претседател со Советот, Наваф Салам, од Либан. Според дипломатите, постои подготвеност кај членките, барањето на Палестинците прво да го разгледа одбор на правници. Доколку в среда се постигне согласност за тоа, таков одбор би можел да се формира до крајот на неделава.

За Палестинците да добијат полноправно членство во ОН, мора да се согласат девет од 15-те членки на Советот за безбедност, меѓу нив и петте членки со право на вето, а потоа Генералното собрание треба да даде согласност со двотретинско мнозинство. САД, како близок сојузник на Израел, веќе најавија вето.

Westerwelle Vollversammlung der Vereinten Nationen
Пленумот на Генералното собрание на ОНФотографија: dapd

Поддршка за држава на Палестинците

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во говорот пред Генералното собрание на ОН порача дека Германија е за создавање палестинска држава, како и повеќето членки на ОН. Таа држава не треба да биде создадена во некоја далечна иднина, нагласи Вестервеле и ги повика Израелците и Палестинците веднаш да се вратат на преговарачка маса.

„Конфронтацијата со зборови овде во Њујорк не смее да прерасне во ескалација на насилството на Блискиот Исток. Двете страни во петокот ја подвлекоа подготвеноста да стигнат до мир преку преговори. Сега енергијата и притисокот од деновиве би требала да се пренасочи во конструктивен процес“, изјави Вестервеле и подвлече дека интересите на Палестинците се легитимни, но исто така и израелските:

„Германија се залага за решение со две држави. Ние поддржуваме држава на Палестинците и живот на Палестинците во достоинство и право на самоопределување. Но, без сомнение, безбедноста на Израел, за Сојузна Република Германија има првостепено значење.“

Автор: Кристијан Валц / Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски