1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неколку сценарија за бегството на Артан Груби

ДТЗ
18 декември 2024

Опозициската СДСМ откри информации добиени од свиркачи, а полицијата на информативен разговор во Скопје го повика почесниот конзул на Косово во земјава, Арсим Папранику.

https://p.dw.com/p/4oIRu
Артан Груби
Неколку сценарија за бегството на Артан Груби Фотографија: DW/P. Stojanovski

Неколку сценарија околу бегството на Артан Груби од Северна Македонија се вртат во јавноста, откако беше обелоденето дека тој со дипломатско возило заминал во Косово, непосредно пред полициската акција за приведување на осомничени за злоупотреби во Државна Лотарија. Опозициската СДСМ откри информации добиени од свиркачи, а полицијата на информативен разговор во Скопје го повика почесниот конзул на Косово во земјатаи сопственик на синџирот продавници за бела техника „Нептун“, Арсим Папранику. 

Тој, според објавите на медиумите, се поврзува со напуштањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби на Косово. Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот во гостување во „Click Plus" на ТВ21, откри дека Груби со дипломатско возило со еден стопанственик заминал за Косово.

Информации од свиркачи

Има ли политички договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби? Оваа дилема во јавноста ја отвори опозициската СДСМ, откако полицијата распиша меѓународна потерница по Груби поради злоупотреби тешки осум милиони евра во Државната Лотарија.

Додека јавноста чека одговори каде е Груби во моментот и дали ќе се врати во земјата каде што за него и уште пет лица е отворена истрага, СДСМ излезе со неколку сценарија околу неговото бегство преку северната граница во Косово. 

„Министерството за внатрешни работи ќе мора да даде јасен одговор: како е можно Артан Груби да избега на Косово само еден ден пред акцијата, односно самиот ден на акцијата?“, вели организискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски.

Според информации со кои располага партијата, добиени од свиркачи, МВР имала поставено полициска контрола на кружниот тек пред Блаце на денот кога Груби ја напуштил државата. 

потерница Артан Груби
Дали МВР ќе преземе мерки против оние кои му помогнале во бегството на Артан Груби?Фотографија: https://mvr.gov.mk/potragi-ischeznati/potragi

„Контролата била таму најмалку три дена пред настанот. Ова јасно укажува дека тие се сомневале дека може да избега. Но според нашите информации, самата полициска контрола, мобилната единица на МВР, не знаеле кого треба да очекува или кога треба да стопира. Тие добиле информација дури откако Груби ја напуштил државата“, посочи Костовски на прес-конференција. 

Две сценарија 

Партијата посочува на две можни сценарија. „Или биле целосно неспособни да го спречат, или пак второ и поверојатно, намерно не го спречиле. Дали Тошковски ќе каже искрено, која е причината што Груби дента кога требало да се обелодени истрагата слободно си ја напушта земјата а акцијата на МВР за негово спречување е целосно неуспешна? Кој ќе одговара за тоа ако Груби не се врати во земјата?“, прашува Костовски.

Според партијата, се случиле премногу пропусти и премногу „индикации има дека зад овој случај има нешто друго, односно политички договор“. Тие бараат одговор дали МВР ќе преземе мерки против оние кои му помогнале во бегството, оние кои потфрлиле во обидот да го спречат во рамки на МВР и дали ќе бидат истражени сите околности под кои обвинетите го напуштиле државниот терен. 

Почесен конзул на информативен разговор 

Полицијата распиша меѓународни потернициза поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, за коишто се води истрага за злоупотреба на осум милиони евра преку незаконски набавки на видеолотариски терминали, кои никогаш не биле ставени во употреба. Во Скопје, пак, на информативен разговор е повикан почесниот конзул на Косово во земјава, Арсим Папранику. 

Тој, според објавите на медиумите, се поврзува со напуштањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби на Косово. Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот во гостување во „Click Plus" на ТВ21, откри дека Груби со дипломатско возило со еден стопанственик заминал за Косово.